Путин и Камерон ги обновуваат преговорите во врска со Сирија

Претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон во текот на телефонскиот разговор постигнаа договор за обнова на преговорите во врска со Сирија, соопшти претставник на прес-службата на британскиот премиер, а пренесува „Интерфакс“.

„Лидерите на двете држави се согласија дека пружањето помош во пронаоѓање на решение за проблемот со граѓанската војна во Сирија, особено во запирањето на растот на „Исламската држава“, е од интерес и на Обединетото Кралство и на Русија“, се вели во соопштението.

Во соопштението, исто така, се наведува дека е постигнат договор за тоа „политичките советници на двете земји да се сретнат и да ги обноват преговорите во врска со сирискиот конфликт“.

Камерон истовремено нагласи дека „длабоките поделби во врска со украинското прашање остануваат“. Прес-службата на Кремљ соопшти дека во текот на разговорите Путин „ја нагласи важноста на воспоставување директен дијалог меѓу киевските власти и претставниците на Донбас, што би придонело за постигнување одржливо решене на југоистокот на Украина“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња