Путин му врачи на Лавров орден „За заслуги за татковината”

Претседателот на Русија Путин му врачи орден од прв степен „За заслуги за татковината” на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Претседателот на Русија Путин му врачи орден од прв степен „За заслуги за татковината” на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во своето обраќање во Кремљ шефот на руската дипломатија рече дека орденот претставува „оценка на целото министерство за спроведувањето на надворешнополитичкиот правец на Русија“.

„Тоа е поттик да продолжиме уште поактивно, покреативно и подоследно да ја унапредуваме борбата со предизвиците кои се пред нас, за да обезбедиме најповолни услови за развој на нашата земја и да ја подобриме благосостојбата на нашите сограѓани“, изјави Лавров.

Претседателот на Русија нагласи дека Лавров заедно со своите колеги професионално и достојно ги брани интересите на државата, како и дека доследно и ефикасно ја спроведува надворешната политика на Русија.

Путин во Кремљ врачи преку 40 награди. Меѓу добитниците се културни и научни творци, претставници на земјоделската и високотехнолошката индустрија, дипломати, политичари, претставници на религиозни организации, јавни личности, спортисти, астронаути и бизнисмени.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња