Јапонија подготвена на договор за Курилските острoви

Јапонија ја очекува посетата на претседателот на Русија Владимир Путин заради дискусија за Курилските остrови, пренесува РИА „Новости”.

Јапонија ја очекува посетата на претседателот на Русија Владимир Путин заради дискусија за Курилските острови, пренесува РИА „Новости”.

„Би сакале да поминеме на политичка агенда и да склучиме мировен договор и со тоа да го решиме територијалниот проблем. И затоа би сакале претседателот Путин да ја посети Јапонија. Премиерот Шинзо Абе сериозно размислува за тоа“, изјави заменик претседателот на владејачката Либерално-демократска партија на Јапанонија, поранешниот министер за надворешни работи на Јапонија Масахико Комура на средбата со претседателот на Државната дума на РФ Сергеј Наришкин во Токио.

На 18 мај јапонското министерство за надворешни работи потврди за агенцијата ТАСС дека Токио има намера да гродолжи со подготовките за посетата на претседателот на Русија на Јапонија оваа година. Според зборовите на дипломатот, премиерот Шинзо Абе го известил за тоа американскиот претседател Барак Обама во текот на нивната последна средба во април.

Меѓутоа, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека не располага со никакви нови податоци за подготовката на посетата на претседателот на РФ на Јапонија која беше планирана да се одржи есента минатата година, но до неа не дојде поради заладувањето на односите поради украинската криза.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња