По повод Денот на Русија објавена книга која ги открива тајните на Кремљ

Во книгата „Московски Кремљ. Споменици и светињи”, која ќе се појави во продажба на 12 јуни по повод Денот на Русија, првпат се објавени архивски фотографии и планови наЧудовиот манастир и Вознесенскиот манастир кои порано се наоѓале во московскиот Кремљ.

Во книгата „Московски Кремљ. Споменици и светињи”, која ќе се појави во продажба на 12 јуни по повод  Денот на Русија, првпат се објавени архивски фотографии и планови на Чудовиот манастир и Вознесенскиот  манастир кои порано се наоѓале  во московскиот Кремљ.

На 550 страници во книгата читателот го поминува секое катче на Кремљ, сите негови кули и ѕидини.  Собраните ахивски материјали и документи овозможуваат да се стекне претстава за секојдневието на „срцето на престолнината“ како пред сто години, така и во 21 век. Книгата открива многу тајни и негира постоечки митови. Автор на книгата е доктор на историски науки, официјалниот претставник на  Федералната служба за обезбедување (ФСО) на Русија Сергеј Девјатов, пренесува агенцијата ТАСС.

„Од другите публикации за Кремљ новата книга се разликува по тоа што во неа се претставени детални описи на изгубени и речиси заборавени споменици на територијата на Кремљ”, пишува Девјатов. Како примери тој ги наведува Чудовиот манастир и Вознесенскиот манастир. Во јули минатата година претседателот на Русија Владимир Путин предложи да се проучи можноста за обнова на овие светилишта, на чие место во советско време е подигнат 14 административен блок. Засега стручњаците вршат испитувања и одлуката за судбината на манастирите и административниот блок сѐ уште не е донесено. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.