Медиуми: „Роснефт” ќе вади нафта на две наоѓалишта во Бразил

„Роснефт” ќе експлоатира две наоѓалишта на нафта и гас во Бразил.

„Роснефт” ќе експлоатира две наоѓалишта на нафта и гас во Бразил. Компанијата во најскоро време ќе добие стоотстотно право на експлоатација на две наоѓалишта. Според податоците на агенцијата „Блумберг“, бизнис-договорот вреди 55 милијарди долари.

Агенцијата наведува дека „Роснефт“ ќе добие целосна контрола над двете наоѓалишта на нафта и гас во коритото на реката Солимојс (притока на Амазон). Се очекува дека ова склопување на договор ќе биде објавено во понеделник, 18 мај. „Тоа е добра работа“, изјави за агенцијата „Блумберг“ директорот на руската компанија Игор Сечин, но не сакаше да наведе детали од договорот.

Русија првпат ќе вади нафта и гас во овој дел на Бразил. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња