Експерти: „Роскосмос“ нема да се откаже од вселенскиот туризам поради ситуацијата со Брајтман

Директорот на вселенскиот кластер на Фондот „Сколково“ Алексеј Бељаков смета дека откажувањето на Брајтман од летот нема да ја смени политиката на „Росксмос“ во однос на вселенскиот туризам.

Откажувањето на британската пејачка Сара Брајтман од лет на Меѓународната Вселенска Станица (МВС) нема да доведе до откажување на програмата за вселенски туризам од страна на „Роскосмос“, смета директорот на Институтот за вселенска политика Иван Моисеев.

„Не мислам дека оваа ситуација ќе им стави крст на перспективите на вселенскиот туризам. Не гледам смисла „Роскосмос“ да ја прекине оваа практика. Доколку настане поволна ситуација и се најде поволен клиент, зошто да не го испратат него во вселената“, изјави експертот.

Истовремено тој истакна дека добивката за руската вселенска индустрија од летовите на вселенските туристи, доколку се земат предвид трошоците за обука за летот, е мала. Покрај тоа  туристите летаат според руска квота, т.е. им го земаат местото на членовите на руската група космонаути.

Директорот на вселенскиот кластер на Фондот „Сколково“ Алексеј Бељаков исто така смета дека откажувањето на Брајтман нема да ја смени политиката на „Роскосмос“ во однос на вселенскиот туризам. „Ова е посебен случај на конкретен човек во конкретна ситуација. Не мислам дека „Роскосмос“ ќе преземе остри чекори во својата политика во врска со ва откажување“, изјави тој.

Според него, дури и по излегувањето на пазарот на компаниите како што се „Вирџин Галактик“, „Роскосмос“ ќе го промовира вселенскиот туризам во „луксузна варијанта“ – повеќедневни летови на орбиталните станици.  

Претходно беше објавено дека британската пејачка Сара Брајтман го откажа летот до МВС планиран за 1 септември „поради семејни причини“. Истовремено пејачката изрази благодарност до „Роскосмос“, РКК „Енергија“, Центарот за обука на космонаути „Ј.А. Гагарин“, Ѕвездениот град и НАСА „за нивната поддршка во овој неверојатен период од нејзиниот живот“.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња