Руските Матични служби можат да почнат да работат нон-стоп или да преминат на 16-часовно работно време поради големиот број барања за регистрација на брак. Ваков предлог подготвува членот на Општествениот совет при Министерството за правда Владислав Гриб, пишува весникот „Известија“.
„Не е во ред да може да се озаконат односите само во работно време: се појавуваат редици, жалби. Треба да се направи работата на Матичните служби флексибилна, односно во големите градови Матичните служби треба да работат макар до 11-12 часот навечер“, ги цитира „Известија“ зборовите на Гриб.
Тој исто така смета дека „треба да се тргне од тоа кои денови од неделата се најфреквентни (викендите), која сезона (лете и наесен почесто се регистрираат бракови). Напротив, во текот на Великите пости православните поретко склучуваат бракови – значи, потребно е да се регистрираат бракови во обичен режим“.
Во селските средини работното време на Матичните служби може да остане исто, смета Гриб.
Според него, локалните канцеларии на Министерството за правда треба да ги регулираат распоредите за работа на Матичните служби врз основа на бројот на барања за регистрација на брак.
Во моментов, според важечкото законодавство, таксата за регистрација на брак изнесува 350 рубли (околу 380 денари), меѓутоа, регистрирањето брак ноќе, според Гриб, може да поскапи поради тоа што на службениците во Матичната служба ќе треба да им се плати прекувремената работа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче