Руската војска најави „валцер на тенкови”

Тенковите Т-80 ќе изведат „валцер на тенкови’“ на полигонот Песочненски во Ленинградската област во рамките на натпреварот „Натпреварување на Хероите“ што ќе започне на 16 мај, соопшти прес-службата на Западиот воен округ.

Тенковите Т-80 ќе изведат „валцер на тенкови’“ на полигонот Песочненски во Ленинградската област во рамките на натпреварот „Натпреварување на Хероите“ што ќе започне на 16 мај, соопшти прес-службата на Западиот воен округ.  

Тенкистите од Западниот воен округ ќе изведат симулација на борба со тенкови која ќе биде проследена со звучни, светлосни и чадни специјални ефекти. Кулминацијата на ова „натпреварување“ ќе ги покаже борбените можности на тенкот Т-80.

„Тенковското шоу ќе заврши со настап на пар тенкови Т-80 кои ќе изведат „валцер на тенкови“, впечатлива точка со музичка придружба“, соопшти прес-службата, а пренесува РИА „Новости”.

„Натпреварувањето на Хероите“ се одржува со поддршка на Министерството за одбрана на Русија во рамките на обновата на стандардите на серускиот фискултурно-спортски комплекс „Подготвен за работа и одбрана”.

Оваа година во натпреварувањата ќе учествуваат 100 илјади луѓе во Москва, Санкт Петербург, Калининград, Казањ, Екатеринбург, Чељабинск и Владивосток.  

Префрлувањето на натпреварувачки принципи и принципите на олимпизмот на руската почна во 2013 година. Тогаш на предлог на министерот за одбрана Сергеј Шојгу првпат беа одржани спортските натпреварувања „Авиадартс” за пилоти и познатиот „Тенковски биатлон“. Во 2014 година овие натпреварувања беа подигнати на меѓународно ниво и за нив интерес покажаа многу земји од светот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња