„Ракета“, Московски канал, 1967 година.
Николај Ситников/TASS„Ракета“ беше првиот прототип на советски бродови со подводни крила. На прва пловидба замина на 25 август 1957 година. Тогаш од Горки (денешен Нижни Новгород, 400 километри североисточно од Москва) доплови до Казањ (70 километри источно од Москва) по реката Волга. Овие 420 километри „Ракета“ ги премина за седум часови, развивајќи брзина од 60 километри на час, што беше мошне брзо за еден речен брод. Пловилата од овој тип од долната страна имаат специјални крила кои во голема мера го намалуваат отпорот во водата. Тоа на ваквите бродови им овозможува да развијат големи брзини, што е нивна голема предност. Со тоа значително се намалува „нишањето“, така што пловењето е попријатно. Крилата можат да бидат конструирани на различни начини: на пример „Ракета“ имаше делумно потопени подводни крила во облик на буквата „U“. На својата прва пловидба, бродот долг 27 метри носеше 30 патници, иако можеше да прими 64 лица. „Ракета“ беше успешен проект. Направени се вкупно 300 брода. Толку беше популарен што дури и следните модели со подводни крила често го добиваа називот „Ракета“.
Патнички брод со подводни крила (хидроглисер) „Метеор-26“, 1968 година.
В. Бородин/SputnikНовите советски бродови со подводни крила се појавија благодарение на екипата инженери на чело со бродоградителот и иноватор Ростислав Алексеев. Набргу по триумфот на „Ракети“ тие проектираа брод со подводни крила „Метеор“. Тој беше подобар од „Ракета“, развиваше поголема брзина (77 километри на час) и можеше да прими 123 патници. Од сите советски бродови со подводни крила „Метеор“ е произведен во најголем број примероци. Вкупно се направени 400 вакви бродови. Тие се извезуваа во Германија, во Египет, во Грција и во други земји. Определени „Метеори“ сè уште се користат на Сибир, на рускиот Далечен Исток и во Санкт Петербург, каде се превезуваат туристи во Петергоф (23 километри од Санкт Петербург) и во Кронштадт (30 километри северозападно од Санкт Петербург).
Бродот на моторен погон „Мир“ (Стрела-1) со подводни крила.
Централен военопоморски музеј „Петар Велики“ на Министерството за одбрана на РФОдредени советски бродови со подводни крила беа наменети за поморско пловење. Еден од нив се нарекувал „Стрела“. Два брода од оваа модификација се појавија во 1961 година и се користеа за пловење по Црното море. Морската „Стрела“ имаше два делумно потопени подводни крила во облик на буквата „V“, што е специјална конструкција за пловење по море. Поради тоа развиваа брзина и од 70 километри на час дури и во немирно море (со бранови високи 2 метри). „Стрела“ можеше да прими 90 патници.
Глисерот „Волга“ со подводни крила од Батумското бродоградилиште за време на тестирањата. СССР, Аџарска ССР, 11 септември 1972 година.
Н. Анастасјев/TASSХидроглисерот „Волга“ беше универзален, можеше да се користи во плитките предели и во езерата и во морињата. „Волга“ е направена на почетокот од шеесеттите години од минатиот век. Беше прилично мала, долга само 8.5 метри, можеше да прими само 6 лица, вклучувајќи го и капетанот. Наместо покрив имаше тенда која можеше да се отстрани. „Волга“ имаше делумно потопени подводни крила во облик на буквата „Т“ и развиваше брзина од 60 километри на час. Подоцна беше преуредена и доби подводни крила во облик на буквата „V“, така што можеше да им се спротивстави и на посилните бранови.
„Буревестник“
Владимир Војтенко/TASSРостислав Алексеев отсекогаш сакал неговите бродови да бидат брзи. Дизел-моторите ја ограничуваа брзината и поради тоа одлучи да проба со авионски млазен мотор со гасна турбина која ја монтираше на брод со подводни крила. Овој тип мотори е полесен и има поголема сила од дизел-моторите. Еден од резултатите на овој експеримент беше речниот брод „Буревестник“. Тој имаше два потисока во вода наместо пропелер. Овие измени во конструкцијата му овозможија на бродот да развие брзина од 95 километри на час. „Буревестник“ беше долг 43 метри и можеше да прими 150 патници.
Спуштање на вода на поморскиот брод „Тајфун“ со подводни крила и гасно-турбински погон кој развива брзина од околу 76 километри на час. Бродот може да прими 100 патници и опремен е со клима-уреди. СССР, Ленинград, 24 ноември 1969 година.
Иван Баранов/TASS„Тајфун“ не беше обичен патнички брод. Направен е во Санкт Петербург во рамките на воен проект со подводни крила за вршење определени експерименти. „Тајфун“ беше завршен во 1969 година и во текот на седумдесеттите години од минатиот век се користеше како за речно, така и за морско пловење. Тоа беа иновативни, сосема потопени подводни пловила во облик на буквата „Т“ со закрила со кои управуваше автопилот. „Тајфун“ можеше да развие брзина од 98 километри на час и да плови во немирно море. Беше долг 31 метар и можеше да прими 98 патници. Иако беше ефикасен, не е пуштен во сериско производство зашто конструкторите не го третираа како самостоен проект. Тој првобитно беше направен за експерименти поврзани со конструирање воено подводно крило под називот „Ураган“.
Постоеја неколку видови воени бродови со подводни крила како моторен чамец за крајбрежната стража и брод за носење ракети под називот 1240 „Ураган“. Овој воен брод е направен во периодот од 1972 до 1976, а потоа од 1979 до 1990 година беше во арсеналот на Крим. Неговата должина изнесуваше 56.6 метри, а стандардната тежина 342 тони (додека „Метеор“ беше тежок само 36.6 тони). Крилата на „Ураган“ беа целосно под вода и со нив управуваше автопилот. Можеше да подигнат за да не ја допираат водата. Во овој режим „Ураган“ можеше да плови на отворено море кога брановите се високи 6 метри. Кога морето е мирно овој брод со подводни крила развиваше брзина од 111 километри на час. Имаше 34 членови на екипажот и беше вооружен со противбродски крстосувачки ракети и противракетен систем со наведувачки проектили. Направен е само еден примерок зашто излезе дека ова е мошне комплициран и скап проект.
Проект 23160 СПК „Комета 120М“
Централно конструкторско биро за бродови со подводни крила „Алексеев”По распадот на СССР изградбата на бродови со подводни крила беше запрена, но во последно време конструирањето на овие бродови е повторно обновено. Така, во 2013 година во Рибинск (260 километри североисточно од Москва) започна изградба на модерен брод со подводни крила „Комета 120М“. Бродот беше завршен и испратен на тестирање на Крим во 2017 година. „Комета 120М“ е конструирана за морско пловење, развива брзина од 65 километри на час. Овој хидроглисер повеќе личи на вселенски брод. Со крилата управува автопилот. Бродот е долг 35.2 метри и може да прими 120 патници.
Бродот со подводни крила „Валдај“ во пристаништето на речната станица во Нижни Новгород.
Bestalex/Wikimedia CommonsСледната модификација на брод со подводни крила под називот „Валдај 45Р“ е направена во 2017 година. Проектирана е за рели со висок пловен водостој. Овој хидроглисер може да биде мошне корисен во северните региони кадешто нема патишта. Не е голем – долг е 21.3 метри, има само двајца членови на екипажот и може да прими 45 лица. Развива брзина од 65 километри на час. Неколку бродови „Валдај 45Р“ веќе се користат на реките Об, Иртиш и Волга.
„Циклон 250 М“
Централно конструкторско биро за бродови со подводни крила „Алексеев”Во фаза на проект е и огромниот морски брод со подводни крила под називот „Циклон 250М“. Овој двокатен брод има авионски седишта, мотор со гасна турбина и необичен систем на помали подводни крила. Конструкцијата му овозможува на „Циклон 250М“ да развие брзина од 101 километар на час. Бродот е долг 46 метри и може да прими 300 патници, односно повеќе од кој било друг советски или руски брод со подводни крила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче