Молотов, Сталин и Ворошилов, 25 jуни 1937
Getty Images; Александр Родченко/МАММ/МДФДури и Ленин му ги довери на Каганович најодговорните позиции. Исполнителниот и строг Лазар беше назначен од Сталин да ги извршува најважните државни задачи – да ја спроведува колективизацијата, да ја регулира работата на железниците, да ја преструктуира цела Москва и да го изгради московското метро. До 1955 година, метрото во главниот град го носеше дури и името на Каганович, па дури потоа на Ленин.
Каганович со ентузијазам се справуваше со двете работи, а неговото главно мото беше да ги држи луѓето во страв. Тој активно се бореше со „штетниците“ во сите области, па дури и меѓу машиновозачите гледаше шпиони.
Токму Каганович ја поддржуваше партиската кариера на Хрушчов, но по смртта на Сталин тој не ја поддржа неговата кандидатура за шеф на државата. Хрушчов го обвини за соучество во репресијата и во сталинистичкиот терор, го отстрани од високата функција, а потоа дури и го лиши од партиската книшка.
Последните 30 години Каганович ги помина сам. Со минато на семоќен човек, тој изгуби апсолутно сè, но до крајот остана верен на своите убедувања и на Сталин.
Сталин беше првиот од болшевиците што се сретнал со Молотов. По смртта на Ленин, тој го поддржа Сталин во внатрешната партиска борба за власт. Идниот доверлив човек на Сталин ги презеде прашањата за одбраната, за индустријализацијата и за економскиот раст. Тој беше одговорен за забрзаното темпо и за нормите на Петгодишниот план во индустријата и, заедно со Каганович, ја спроведе колективизацијата. Молотов исто така ги потпишуваше „списоците за стрелање“ со луѓе за кои партијата сметаше дека се штетни членови на општеството.
На светот му стана најпознат како народен комесар за надворешни работи. Во 1939 година, тој склучи пакт за ненапаѓање со Германија, познат како Пактот Молотов-Рибентроп. Сталин му ги довери сите дипломатски преговори за време на Втората светска војна.
По смртта на Сталин, Молотов ја водеше внатрепартиската борба против Хрушчов. Но, кога вториов остана на власт, тој го лиши Молотов од високи функции, а подоцна и од партиската книшка – како што беше случајот со Каганович - поради вмешаност во злосторствата на сталинистичкиот режим.
Но, во 1986 година Молотов успеа да го врати своето место меѓу членовите на партијата и стана најстариот меѓу нив – истата година почина, непосредно пред да наполни 97 години.
Вјачеслав Молотов тврдеше дека Киров е омилениот другар на Сталин. Тој им се придружи на болшевиците дури по Октомвриската револуција во 1917 година. Пред тоа, тој имаше „врски“ со другото крило на партијата - менешевиците. Обично Сталин не простуваше и се ослободуваше од многумина од „опозицијата“. Но, тој лично го бранеше Киров од нападите на другите членови на партијата, па дури и го направи член на Политбирото на Централниот комитет на партијата, правејќи го буквално една од главните личности на земјата.
Со мал авторитет меѓу останатото раководство на партијата, Киров поседуваше харизма и ораторство. Тој им држеше говори на работниците во фабриката и тие го прифаќаa како свој. Киров беше едноставен и широко се насмевнуваше.
Во 1934 година беше застрелан во близина на неговата канцеларија во Ленинград. Убиецот беше уапсен, но до денес мотивите за убиството се мистерија. Исто така е нејасно дали некој стои зад убиецот или тој лично се одмазди за неговата неуспешна партиска кариера. Сталин сакаше да му се одмазди на неговиот сојузник и меѓу „опозицијата“ да најде поддржувачи на поранешниот партиски противник Зиновјев. Не е јасно дали имало заговор, но атентатот на Киров беше проследен со бран репресии и егзекуции на лица осомничени за соучесништво. Се верува дека ова беше почеток на Големиот терор.
Овој човек е рекордер во највисоките кругови: тој е во Политбирото на централниот комитет на партијата беше 34 години. За време на Граѓанската војна тој командуваше со армијата, а потоа и со цела група војници на Јужниот фронт. Тој беше одговорен за воспоставување ред во револуционерниот Петроград и, заедно со Феликс Ѕержински, беше основа за создавање на Чека (вонредна комисија за борба против контрареволуција и саботажа), која подоцна стана НКВД и КГБ.
Тој беше еден од најверните другари на Сталин и застана на негова страна за време на внатрепартиската борба по смртта на Ленин. Потоа ја напиша книгата „Сталин и Црвената армија“, во која силно ја фалеше улогата на Сталин во Граѓанската војна. Тој беше еден од првите маршали на Советскиот Сојуз, спроведе воени реформи, работеше како министер за одбрана. Како близок со водачот, како и со многу негови соработници, тој потпишуваше списоци за стрелање и ја потисна командата на армијата.
По смртта на Сталин седум, години Ворошилов беше претседател на Президиумот на Врховниот Совет на СССР, официјално ова беше главната позиција во земјата (всушност со земјата раководеше Генералниот секретар на партијата). Живее мошне долго и до крајот остана во највисокото раководство на СССР и на партијата. Ворошилов е еден од ретките сојузници на Сталин закопан во близина на ѕидовите на Кремљ.
Берија стана болшевик во 1917 година и за време на Граѓанската војна се приклучи на азербејџанскиот огранок на Чека. Тој стана професионален чекист и член на државната безбедност, одговарајќи за прашањата во Грузиската ССР и низ целиот регион на Кавказ. А, потоа во НКВД и во целиот СССР, за на крајот да стане член на раководството на партијата.
Берија беше во потесниот круг на Сталин во последните години од животот на водачот. Тој постојано го посетуваше дома и на неговата дача, има многу фотографии со семејството на Сталин.
Берија беше одговорен за нуклеарните проекти, како и за масовната депортација на народите кои можеа да соработуваат со Хитлер на окупираните територии. Тој го надгледувал убиството на Троцки и активно ги репресираше „странските агенти“ и шпионите во земјата. Се шпекулира дека тој бил поврзан со млади девојки и актерки и преку закани за репресија врз нив или нивните роднини, ги убедувал да стапат во врска со него, па дури и дека ги силувал.
По смртта на Сталин во 1953 година, Берија беше осуден за неказнети кавги со неподобни лица и бројни антисоветски заговори (многу се однесуваат на претходните години и има малку докази). Истата година беше стрелан.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче