Путин: Задоволен сум со својата професија

Global Look Press
А доколку беше млад човек, Путин денеска би се занимавал со генетика и вештачка интелигенција.

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека е задоволен од професијата што ја избрал и додаде дека денес, според негово мислење, најинтересни области се генетиката и вештачката интелигенција.

„Долго барав професија за себе. Како што знаете, студирав Правен факултет на тогашниот Ленинградски, а денес Санктпетербуршки државен универзитет. Задоволен сум од својот избор”, изјави Путин на отворениот час „Правецот на напредокот“ во рамките на форумот  „ПроеКТОрија”.

„Ако би требало да кажам што денес најмногу ме привлекува од сѐ што се случува, тогаш тоа се, се разбира, генетиката и вештачката интелигенција”, додаде шефот на руската држава.

На тој начин тој одговори на прашањето која професија би ја избрал доколку денес би требало да одлучи за тоа, со оглед на тоа дека сите денес актуелни професии не постоеле кога тој го избирал факултетот.

Владимир Путин исто така изјави дека не ја избрал сам професијата претседател. Кога Елцин му го предложил тоа првиот пат, Путин одбил. А тоа многу го зачудило Елцин и тој барал да му се објасни зошто.

Путин тогаш му одговорил на Елцин дека не бил подготвен за таквата функција без оглед на тоа што долго време работел во државните структури.

„Затоа ќе ви посакам да бидете што побргу подготвени да ги донесете главните одлуки во својот живот“, им рече претседателот на руските ученици.

Прочитајте повеќе: Путин одговори на прашањето кој совет од татко му би им го пренел на внуците

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња