Земјите од Европската унија треба да ги откријат медиумите и организациите кои би можеле да бидат руски агенти, а Европската комисија треба да подготви план за борба против руската пропаганда, се наведува во извештајот на Комитетот на Европската комисија за надворешни работи кој беше објавен во понеделникот на 11 мај.
„Европскиот парламент апелира до Европската комисија и членките на Европската унија да разработат механизми за собирање, мониторинг и откривање на финансиска, политичка и техничка помош кои Русија им ги дава на политичките партии и други организации во составот на Европската унија, со цел да се меша и влијае на политичкиот живот и јавната дебата во Европската унија“, се наведува во извештајот што го пренесува ТАСС.
Врз основа на овој документ треба да биде разработена резолуција за преиспитување на односите со Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче