Експерт: Западот наоѓа основа за компромис со Русија

Меѓу САД и нивните западни сојузници и Москва „постои поволна можност за компромис”, смета политикологот од Вилсоновиот центар во Вашингтон Мајкл Кофман.

Меѓу САД и нивните западни сојузници и Москва „постои поволна можност за компромис”, смета политикологот од Вилсоновиот центар во Вашингтон Мајкл Кофман.

Западните политичари јавно ја критикуваат Русија, „но поединечно тие, судејќи според сѐ, како и претходно маневрираат во потрага по дипломатско решение и компромис“, смета Кофман, потсетувајќи на посетата на канцеларката на Германија Ангела Меркел на Москва на 10 мај и на претстојната посета на државниот секретар на САД Џон Кери на Сочи.

„Според моето мислење, доколку во неделата не постоела шанса за реален напредок, сега немаше да бидат најавени плановите за претстојната средба меѓу Владимир Путин и Џон Кери”, додаде американскиот политиколог, пренесува ТАСС.

„Ми се чини дека и Вашингтон и Москва чувствуваат дека настана поволна ситуација за постигнување компромис“, смета политикологот. Според неговата оцена, на југоистокот на Украина не треба да се очекуваат поголеми офанзивни дејствија до есента.

Најавената средба на Кери со претседателот на Русија Владимир Путин не беше потврдена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.