Јубилејната воена парада, посветена на 70-годишнината од Победата во Великата Татковинска војна, стана не само знак на оддавање почит на минатото, туку и демонстрација на сегашната воена моќ на Русија, соопштува „Си-Ен-ЕН“.
„Кремљ отсекогаш умеел да организира спектакуларни воени паради, но оваа година се надмина себеси. На Црвениот плоштад маршираа над 16 илјади војници – импресивна глетка!“, истакна дописникот на телевизијата Метју Чанс.
Секоја парада на Победата за Русија е можност „да ги покаже воените мускули“ и оваа година не беше исклучок, пишува новинарот.
Така, на публиката првин ѝ беше покажан новиот високотехнолошки руски тенк Т-14 кој доби оценка како крајно ефикасно оружје. Кремљ исто така не пропушти можност да го покаже својот нуклеарен арсенал.
Сега, кога меѓу Русија и Западот се затегнаа односите, тие интерконтинентални балистички ракети станаа недвосмислено потсетување за тоа со каква деструктивна моќ располага Москва, истакнува „Си-Ен-Ен“.
„Ова е знак за непокорот на Русија, знак
дека обидите на Западот да ја игнорира Русија нема да успеат. Русија е силна и има влијателни
пријатели“, истакнува воениот аналитичар Павел Фелгенгауер.
Според неговото мислење, грандиозната парада беше наменета за Москва во
својство на порака: Русија повторно е голема воена суперсила.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче