Обраќајќи им се на учесниците на средбата на меѓународните организации посветена на 70-годишнината од Победата, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека за судбината на светот не може да решава само една земја или тесен круг на земји, затоа што вистинската безбедност може да биде единствено подеднаква и колективно обезбедувана.
„Во тие сурови години државите-членки на антихитлеровската коалиција успеаја да ги обединат напорите и да ѝ нанесат поразителен удар на криминалната идеологија на нацизмот која му се закануваше на постоењето на човековата цивилизација.
Заедничка работа итно е потребна и денес за ефикасен отпор на многубројните предизвици на современоста. Очигледно е дека за судбината на светот не може да решава една држава или тесен круг на земји, вистинската безбедност може да биде единствено подеднаква и неделива, да биде обезбедувана колективно потпирајќи се на принципите на меѓународното право и централната координативна улога на ООН“, го цитира РИА „Новости“ обраќањето на Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче