Могерини: Дестабилизирана и изолирана Русија не е во интерес на ЕУ

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини изјави дека санкциите против Москва остануваат само поради тоа што мировната спогодба не се реализира во целост, пишува „Ројтер“.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини не ја смета Русија за „партиципиент“ во нестабилноста и небезбедноста на ситуацијата на истокот на Украина, сепак истакнува дека нарушувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на таа земја претставуваат предмет на сеопшта загриженост, соопштува „Ројтер“.  

„…Во европските приоритети спаѓа и прекинот на насилството на истокот на Украина. Нашите обиди како Европејци се насочени кон целосна реализација на Минската спогодба и ние правиме конкретни напори за нејзино почитување“, изјави Федерика Могерини во текот на средбата со студентите на Пекиншкиот универзитет.

Шефицата на европската дипломатија истакна дека санкциите против Русија остануваат поради тоа што мировниот договор на истокот на Украина не е во полн ефект.

„Европската унија се раководи од политиката на санкции против Русија, но (...) санкциите не се политика сама по себе, тоа е инструмент. И ние ќе ги користиме сѐ додека Минската спогодба не биде исполнета во целост“, рече Федерика Могерини.

Евродипломатот исто така истакна дека Москва е „конструктивен партнер“ во многу други прашања, особено во сложените преговори за иранската нуклеарна програма. Могерини изјави дека „дестабилизирана и изолирана Русија не е во интерес на ЕУ“.

Претходно министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека во Брисел поаѓаат од тоа дека Минската спогодба треба да биде реализирана само од Русија, игнорирајќи го фактот дека Киев ја саботира спогодбата.  „За тоа, што ја очекува Украина во случај на понатамошно саботирање на Минската спогодба, ЕУ молчи“, истакна шефот на руската дипломатија по средбата со министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња