Медиум: Путин не е сам – половина планета ќе му дојде на Парадата

Бојкотирајќи ја Парадата на Победата во Москва, западните лидери не само што не ги почитуваат елементарните правила на култура, туку и ја навредуваат историјата, пишува „Булевар Волтер“ (Boulevard Voltaire).

Ниту еден шеф на држава и ниту еден шеф на влада од Северна Америка и Европската унија, со исклучок на Грција, нема да ја почести со своето присуство грандиозната церемонија на 9мај во Москва по повод 70-годишнната од капитулацијата на Третиот рајх и победата над нацизмот, пишува „Булевар Волтер“.

Причината за тоа е позната: ваквата „навреда“ е одговор на надворешната политика на претседателот на Русија Владимир Путин, а поточно, на неговата „вмешаност во внатрешниот конфликт во Украина“, пишува изданието. Лидерите, чија култура одвреме-навреме им дозволува да стапат во разговори или сојузи со држави и луѓе кои не заслужуваат поголема доверба од рускиот претседател, комуницираат со довчерашниот сојузник како со „непокорен подлец“.  

Иницијаторите на овој бојкот не само што не ги почитуваат елементарните правила на култура со тоа што не одговараат со љубезност на љубезноста на Владимир Путин, кој во јуни минатата година дојде на празнувањето на годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија и таму првпат се сретна со својот украински колега Петро Порошенко. Тие не се придржуваат до основниот принцип на демократијата кој, како што зборуваше Шарл де Гол, ги става реалиите пред чувствата. „Навредата што тие ѝ ја нанесуваат на Русија претставува пред сѐ навреда на историјата, еден вид нихилистичка“, смета изданието.

„Треба ли политиката да доминира над правдата?“, го поставува прашањето статијата. Затоа што премногу брзо Барак Обама, Франсоа Оланд, Дејвид Камерон и другите западни лидери престанаа да ги земаат предвид дваесетте милиони загинати советски граѓани со чии животи Советскиот Сојуз плати за делото кое во текот на втората светска војна се сметаше за општо, пишува весникот.

На крајот на краиштата, овие луѓе не гледаат подалеку освен краткорочно, заклучува изданието. Вчера еден француски весник објави статија под наслов „Путин е сам на Црвениот плоштад“. „Сериозно, сам?“ – иронизира изданието. Во прилог на единаесетте шефови на африкански држави, дузина шефови на држави од Азија, претседателите на Куба и Венецуела, Владимир Путин ќе се сретна во Кремљ со такви ликови „од втор план“, како што се лидерите на Кина и Индија. Односно, повеќе од половина планета на највисоко ниво ќе биде претставена во Москва на 9 мај. Можеби е време да се види светот каков што е, а не како некој сонува да го види, резимира авторот на статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња