Медиум: Франција може да ги потопи „Мистралите“

Франција може да ги потопи носачите на хеликоптери „Мистрал“ што ги изгради за Русија во случај на раскинување на договорот, пишуваат француските медиуми.

Франција може да ги потопи носачите на хеликоптери „Мистрал“ што ги изгради за Русија во случај на раскинување на договорот, пишуваат француските медиуми.

„Меѓу основните варијанти за дејство што ги разгледува официјален Париз, се проучува можноста за уништување на носачите на хеликоптери. Тие ќе бидат или демонтирани и рециклирани, или потопени во море“, пренесува ТАСС повикувајќи се на материјали од весникот „Фигаро“.

Таквата варијанта на завршување на фрацуско-рускиот договор за изградба на два брода од класата „Мистрал“ весникот ја смета за шокантна. Тој ги цитира изјавите на неименуван француски високопозициониран воен претставник кој потенцира дека таквите мерки „се неприфатливи барем од гледна точка на однос спрема работниците во бродоградилиштето Сен-Назер каде што беа изградени џиновските бродови“.

Истовремено весникот ги смета за малку веројатни обидите носачите на хеликоптери „Владивосток“ и „Севастопол“ да бидат искористени од француската морнарица, затоа што тие биле модифицирани според руски стандарди и ќе треба во таков случај да бидат или преправени и повторно опремени што, според мислењето на експертите, ќе чини повеќе сотици милини евра.

„Главната опција во врска со ова останува можноста да се најдат нови купувачи за двата „Мистрали“, истакнува весникот.

Според информациите на весник, меѓу потенцијалните купувачи фигурираат Канада, Египет и „една северноевропска земја.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња