Шефовите на државите и владите на 28 земји од Европската унија на јунскиот самит во Брисел ќе го разгледаат планот за борба против таканаречената „руска пропаганда”, соопшти дипломатски извор од Брисел, пренесува РИА „Новости”.
„Се очекува лидерите на ЕУ во јуни да го разгледаат акцискиот план за борба против кампањата за дезинформирање што ја води Русија“, изјави неименуван извор.
На почетокот на оваа година Литванија, Велика Британија, Данска и Естонија ја повикаа Европската комисија да изработи акциски план за борба против руската „пропагандна кампања“. Помеѓу другото, беше предложено да се основа ТВ-канал на руски јазик кој би емитувал информативна и забавна програма за рускојазичното население во ЕУ и надвор од неа.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини по прелиминарното разгледување на идејата во Советот на ЕУ за надворешна политика соопшти дека министрите разгледуваат уште кои други инструменти, освен санкциите, би можеле да бидат корисни за подобрување на ситуацијата на истокот на Украина. Според мислењето на руската страна, можното основање на канал за контрапропаганда е во спротивност со принципот на слобода на говорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче