Италија не сака да ѝ „затвори врата“ на Русија

Италија не смета дека е потребно „да ѝ затвори врата“ на Русија, затоа што таа „плати висока цена“ за санкциите што ги воведе Европската унија, изјави министерот за надворешни работи на Италија Паоло Џентилони во интервју за весникот „Ла Стампа“.

Италија не смета дека е потребно „да ѝ затвори врата“ на Русија,  затоа што таа „плати висока цена“ за санкциите што ги воведе Европската унија во однос на Русија. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Италија Паоло Џентилони во интервју за весникот „Ла Стампа“.

„Италија го презеде патролирањето на небото над Балтикот и прецизно ги применуваше санкциите против Русија, и плати за тоа сосема сериозна цена. Нашата специфичност се состои во тоа што ние сметаме дека е неопходно да не ѝ се затвори врата на Русија“, изјави министерот, особено потенцирајќи дека политиката со санкции на ЕУ ѝ нанесе удар на економијата на Италија.

Според Џентилони, невозможно е да се вратат работите на нивото кое постоеше меѓу Русија и Западот пред почетокот на украинскиот конфликт, сепак важно е да се трудат „да ги задржат каналите отворени“.

„Не останува незабележана улогата која Русија ја игра во решавањето на меѓународните кризи, почнувајќи од договорот за иранската нуклеарна програма па сѐ до драматичната криза во Сирија. И таа исто така може да биде корисна во Либија“, истакна Џентилони.

Шефот на МНР на Италија се надева на посета на Италија од страна на претседателот на Русија Владимир Путин, кој беше официјално поканет од италијанската страна да ја посети изложбата „ЕКСПО-2015“, отворена во петокот во Милано. Министерот истакна дека датумот на посетата сѐ уште не е усогласен, но изрази надеж дека во текот на посетата ќе се одржи нова средба меѓу Путин и премиерот на Италија Матео Ренци.

Коментирајќи ја растечката заемна доверба меѓу Москва и Пекинг, Џентилони изјави дека е неверојатна можноста да се формира „стратешки антизападна алијанса меѓу Кина и Русија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња