„Њујорк Тајмс“: Маневрите на Русија и Кина во Средоземното море се политичка порака до Западот

Поморските воени вежби на Русија и Кина кои ќе се одржат кон средината на мај во Средоземното море, кинеските и американските аналитичари ги гледаат како политичка порака упатена до Америка и Европа, пишува „Њујорк Тајмс“.

Поморските воени вежби на Русија и Кина кои ќе се одржат кон средината на мај во Средоземното море, кинеските и американските аналитичари ги гледаат како политичка порака упатена до Америка и Европа, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според мислењето на професорот по меѓународни односи на Кинескиот народен универзитет во Пекинг Ши Јинхунг, Русија и Кина со овие маневри сакаат да покажат дека го јакнат своето стратешко партнерство. Тој исто така истакна дека кинеската флота никогаш во својата историја не одржала маневри во Средоземното море, пишува весникот.

Професорот смета дека со овој гест Русија сака да им покаже на САД дека не се наоѓа во изолација и дека може да одржи маневри во близина на европските граници. Кина, од друга страна, реагира на јакнењето на воената соработка меѓу САД и Јапонија, што беше најавено во текот на посетата на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Вашингтон. Освен тоа, овие маневри ѝ овозможуваат на Кина да ѝ покаже на Америка дека со Москва негува стабилни пријателски односи.

Со кинескиот колега се согласува и професорот по стратешки истражување на американскиот Воено-поморски колеџ во Њупорт Питер Датон, кој смета дека самите маневри не се толку значајни колку што е нивниот поттекст.

„Се подразбира дека Русија и Кина испраќаат политички сигнал до САД и Европа со порака дека континенталните држави ги збиваат своите редови за да заеднички ги заштитат своите интереси од поморските сили“, изјави тој.

Руската и кинеската воена морнарица од 2012 година одржуваат заеднички маневри во водите на руското источно крајбрежје.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња