Марин Ле Пен: Со присоединувањето на Крим Русија ги поправи грешките на ЕУ

Европа им овозможи на жителите на Крим да се присоединат кон Русија, изјави Марин Ле Пен во интервју за американскиот канал „Си-Ен-Би-Си“.

Присоединувањето на Крим кон Русија е реакција на погрешната политика на Европската унија која пред тоа имаше свој удел во кризата на полуостровот и го поддржа превратот во Украина, изјави лидерот на француската партија „Национален фронт“ Марин Ле Пен во интервју за каналот „Си-Ен-Би-Си“.

„Сметам дека присоединувањето на Крим беше директен резултат на сериозните грешки од страна на ЕУ“, смета француската политичарка. Според неа, ЕУ го поддржа превратот кој им овозможи на жителите на Крим да направат избор во полза на Русија, „затоа што Крим е руски, како што е познато“.

Од гледна точка на Марин Ле Пен, не треба да се има друго гледиште на присоединувањето на Крим кон Русија.

„Сметам дека Европската унија ги призна своите грешки околу кримското прашање и сега дојде време да се помири со таа оценка на настаните пред да направи други грешки“, додаде таа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња