Русија ќе го обнови производството на суперсоничниот стратешки бомбардер Ту-160, изјави министерот за одбрана на Русија генерал Сергеј Шојгу.
Станува збор за најголемиот и најмоќен суперсоничен авион со променливо навалување на крилата. Тоа е исто така и најтешкиот борбен авион на светот со најголема полетна маса меѓу бомбардерите. Пилотите го нарекоа „Бел лебед“.
„Веќе денес е неопходно да се пристапи кон решавање на задачите не само во рамките на одржувањето на техничката исправност и модернизацијата на авио-паркот на авијацијата со голем домет, туку и во рамките на обновувањето на производството на бомбардерот Ту-160”, изјави министерот во текот на посетата на Казањскиот авио-завод Горбунов”.
Спрема процените на Шојгу, Ту-160 е „единствено летало кое во текот на проектирањето беше неколку децении пред своето време и досега ги нема искористено во полна мера конструктивните можности со кои располага“.
„Досега не е измислен подобар авион во суперсоничната класа на авиони“, истакна министерот за одбрана.
Во моментов сите авиони Ту-160 кои се наоѓаат во состав на вооружувањето на Военото воздухопловство на Русија се модернизираат, односно им се заменува практично сета радиолокациска и навигациска опрема. Како што се очекува, до 2020 година во ВВС РФ ќе влезат повеќе од десет модернизирани „Бели лебеди“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.