Русија испраќа спасувачи во Непал

Министерството за вонредни состојби на Русија изјави дека испраќа спасувачи и опрема, како и дека нема настрадани и загинати меѓу руските државјани по земјотресот во Непал, пренесува ТАСС.

Министерството за вонредни состојби на Русија ќе испрати два авиона со спасувачи во Непал за укажување помош при расчистувањето на последиците од силниот земјотрес, изјави заменик-министерот на МВС Владимир Степанов. Веста ја пренесува ТАСС.

„Првите два авиона ќе заминат денеска“, изјави тој. Со авионите се испраќаат спасувачи со огромно искуство во работата за расчистување на последици од земјотрес, вклучително и на планински области, како и лекари и психолози.

„Исто така ќе испратиме и група со руска опрема за пребарување на градби“, изјави Степанов.

Сѐ уште се водат консултации за тоа во кој регион ќе работат руските спасители, но „ние можеме да работиме во секакви услови. Спасувачите на МВС Русија имаат напредна опрема, вештини и практично искуство во работата“, изјави Степанов.  

Претходно министерството соопшти дека е подготвено да испрати во два наврата четири авиона со спасувачи и аеромобилна болница.

Нема загинати и повредени руски државјани по земјотресот во Непал, изјави Степанов.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и премиерот на владата  Дмитриј Медведев до властите на Непал испратија телеграми со сочувство за загинатите и со желби за побрзо оздравување на повредените.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња