Медиум: „Армата“ е остро отклонување од системот на вооружување на СССР

Руските оклопни возила на платформата „Армата“ демонстрираат целосен раскин со наследството во системите за вооружување од советската епоха, пишува „Дипломат“.

Руските оклопни возила произведени врз платформата „Армата“ демонстрираат целосен раскин со наследството во системите за вооружување од советската епоха, пишува „Дипломат“.

„Новите возила се конструирани од нула и претставуваат најголема промена во производните серии на руските борни оклопни возила од 1960-1970 години“, го цитира изданието мислењето на Николас де Ларринага, експерт на лондонскиот центар за одбранбени истражувања IHS Jane's.

Бисер на идните тенковски сили на Русија ќе стане основниот борбен тенк Т-14, создаден врз база на новиот универзален класичен систем „Армата“. Негови клучни карактеристики се далечински управуваната купола и сместувањето за екипажот во оклопната капсула во предниот дел од корпусот на тенкот, пишува изданието.

Платформата „Армата“ ќе стане основа за над десетина различни гасенични возила, вклучувајќи ги самоодната артилерија, оклопната воено-инженерска техника и оклопните транспортери, потсетува изданието. Во прв ред авторот на статијата го наведува тешкото пешадиско борбено возило Т-15, оопремено со универзалниот боев модул „Епоха“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња