„Форбс“: Руската економија е повеќе од една „бензинска пумпа“

Политичарите не треба да поаѓаат од тоа дека Русија е исклучително суровинска економија, пишува „Форбс“.

Руската економија, без оглед на распространетите стереотипи, не треба да се сведе на суровински индустриски гранки, пишува колумнистот на „Форбс“ Марк Адоманис.

Се разбира, експлоатацијата на природните ресурси зазема значително место во руската економија и не може да се отпише влијанието на таквите гиганти како „Гаспром“ и „Роснефт“.  

Но, без оглед на тврдењето на американскиот сенатор Џон Меккејн дека Русија е „бензинска што се маскира како држава“, во Русија има и преработувачка индустрија, и услужна сфера.

Како доказ Адоманис ги наведува податоците на Светската банка за економската рента – разликата меѓу цената на производството по светски цени и трошоците за производство.

Согласно овие податоци, во Русија економската рента не е толку висока како во земјите на ОПЕК и пост-советските држави како Азербејџан, Казахстан и Узбекистан.

„Економската рента претставува значителен процент од производството во Русија. Но оваа рента далеку не е толку висока како кај многу крупни производители на нафта“, се истакнува во статијата.  

Со исклучок на економската рента, пишува Адоманис, рускиот БДП по глава на жител би бил околу 19000 долари и би бил споредлив со БДП на Бугарија, Полска и Романија  - достојни за членки на ЕУ. Покрај тоа, тој би бил повисок од оние земји кои се зависни од суровини, како Казахстан, Азербејџан, Либија, Иран и Венецуела.

Споредбата со другите пост-советски држави и ОПЕК покажува дека Русија не е единствената земја зависна од природни ресурси, заклучува Адоманис. Во оваа смисла, истакнува тој, „политиката, која се заснова на тврдењето дека Русија е „бензинска пумпа која се маскира како држава“, едвај ќе функционира, затоа што Русија е многу повеќе отколку една бензинска пумпа“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња