Од претставници на министерствата и државните служби на Финска е организирана специјална работна група во чија задача спаѓа и борба против пропагандата што доаѓа од Русија, пренесува „Интерфакс“.
Членови на работната група ќе разменуваат информации што доаѓаат до нив и со тоа ќе добиваат единствена слика за „информативните операции против Финска“, пишува весникот „Калева“.
Една од задачите на членовите на групата е да ги едуцираат жителите на земјата со тоа што ќе им држат предавања. Особено преку примери од историјата на Финска да им покажат како се манипулира со лажни информации или фалсификувани фотографии.
Според зборовите на раководителот на владината служба за комуникации и експерт на комитетот за државна безбедност Марку Мантила, „во руската журналистика толку пребирливо ги цитираат финските политичари што станува јасно дека тоа не е случајно. Според мене, затоа кај мнозинството корисници на руските медиумски производи се формира впечаток дека владата на Финска и највисоките политичари во директна смисла на зборот наводно бараат укинување на санкциите против Русија“.
Претходно беше соопштено дека парламентарците на ЕУ бараат Европската комисија да направи стратегија за борба со руската пропаганда. Притоа министерот за надворешни работи на Финска Ерки Туомиоја се изјасни против создавањето на единствен канал за пропаганда во ЕУ кој ќе биде наменет за рускојазичните граѓани на заедницата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче