Руската војска започна со изградба на електрифицирана железничка пруга во Воронежската и Ростовската област, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Дмитриј Булгаков, пренесува РИА „Новости“.
Должината на пругата ќе изнесува 18 километри, а „за извршување на оваа задача ќе бидат ангажирани над 360 парчиња специјална воена техника и околу 900 луѓе“.
Булгаков денеска ќе провери во Воронежската област како се одвиваат работите на пругата. „Руски железници“ уште во 2014 година предложија да се изгради железничка пруга на југот на Русија која не би ја преминувала границата со Украина.
Претходно беше објавено дека изградбата на пругата што ќе ја заобиколува Украина ќе започне во 2015 година и ќе биде завршена до 2018 година. Русија има намера да ја изгради пругата независно од тоа какви ќе бидат односите во иднина меѓу двете земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче