Антируските санкциите не делуваат туку, напротив, го зацврстуваат митот за Русија како за „тврдина под опсада“, што влијае на сѐ поголемата популарност на Путин меѓу Русите, изјави чешкиот претседател Милош Земан, пренесува РИА „Новости“.
„Русија се чувствува опколена и гледа непријатели и таму каде што ги нема“, смета Земан.
Чешкиот претседател рече дека, доколку се реализира Минската спогодба, економските односи на Русија со Чешка за година дена ќе се вратат во нормален колосек
Чешкиот претседател ќе биде еден од ретките европски лидери кои ќе присуствуваат во Москва на прославата по повод 70-годишнината од Победата во Втората светска војна. Претходно беше соопштено дека Земан нема да присуствува на Парадата на Победата, но чешката влада сепак ја одобри неговата посета.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче