Русија не исклучува обнова на увозот од земји од ЕУ

Русија не исклучува обнова на увозот од некои земји од ЕУ, соопштија од „Россељхознадзор“, пренесува РИА „Новости“.

Правилата на Светската трговска организација не го регулираат прашањето на санкциите и политичкото раководство на Русија има право самото да определи од кои земји на Европската унија може да дозволи увоз на производството, изјави за РИА „Новости“ помошник-раководителот на Росселхознадзор  Алексеј Алексеенко. Тој се наоѓа во Грција во врска со почетокот на инспекцијата на низа земјоделски претпријатија кои сакаат да почнат со испорака на производи во Русија веднаш по укинување на забраната.

„Фактички санкциите се игра без правила. И ние самите се судривме со тоа кога западните земји ги воведоа тие масовни санкции. Тие не се предвидени со било какви норми на СТО. СТО предвидува максимално широка размена на стоки без какви било ограничувања, вклучувајќи и политички. И овде е нашиот одговор на економските мерки – тоа е, на крајот на краиштата, инструментот во нашите раце“, изјави Алексеенко.

Според него, Русија има искуство од модифицирање на санкциите, кога се менуваше асортиманот на стоки кои се најдоа под санкции. Тоа може да се однесува и на списокот со земји.

„Каква ќе биде конечната одлука по тоа прашање – тоа ќе биде одлука на највисокото политичко раководство на нашата земја“, изјави Алексеенко.

На прашањето дали правилата на СТО дозволуваат укинување на санкциите против одделни земји, Алексеенко одговори: „Фактички со правилата на СТО таквите случаи воопшто не се предвидени. И возвратните економски мерки се инструмент кој беше ставен во функција од руската влада и тој инструмент е во нејзини раце“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња