Медведев: Русија поради санкциите има загуби од 25 милијарди евра

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека проценките на експертите се дека руската економија поради санкциите загубила 25 милијарди евра, пренесува РИА „Новости“.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека проценките на експертите се дека руската економија поради санкциите загубила 25 милијарди евра, а загубите во 2015 година можат да се зголемат за неколкупати, пренесува РИА „Новости“.

Зборувајќи во Думата за отчетот на руската влада, Медведев рече дека придружувањето на Крим во голема мера влијаела врз на руската економија.   

„Нема детално да зборувам под какви санкции живееме речиси година дена. Не постои ниту една гранка од економијата што не е погодена, почнувајќи од финансиската, во која странските кредити ни се ограничени, завршувајќи со извозот на технологии“, изјави Медведев.

Тој додаде дека, според оценките на бројни експерти, штетата што ја претрпело руската економија изнесува 1,5% БДП.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња