Русија го зајакнува својот воен потенцијал „како одговор на НАТО“

Зајакнувањето на одбранбените капацитети на Русија е одговор на НАТО кој тежнее кон надмоќ, изјави раководителот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов, пренесува ТАСС.

Потребата за зајакнување на одбранбените капацитети на Русија е предизвикана од чувството за самоодржување и претставува одговор на НАТО кој тежнее кон надмоќ, изјави раководителот на Комитетот на Советот на Федерацијата за меѓународни прашања Константин Косачов, пренесува ТАСС.

Тој потсети на изјавата на командантот на американските сили во Европа Фредерик Бен Хоџис, кој рече дека САД не ги интересира чесна борба со никого, вклучувајќи ја и Русија.  

„Хоџис првпат отворено го кажа она што ние цело време го зборуваме. Целта на воениот план на НАТО е надмоќ над Русија и недозволување на постоење на паритет“, изјави Косачов.

Русија, како што наведе тој, секогаш била загрижена поради укинувањето на паритетот и излегувањето на САД од Договорот за ракетна одбрана и дека токму поради тоа ширењето на Алијансата во руската доктрина е обележано како закана.

„Русија ги зголемува своите одбранбени капацитети поради елементарното чувство за самоодржување. Тоа е наша реакција, а не провокација“, изјави Косачов.

Тој додаде дека „секоја промена во односот на силите кај посилната страна создава илузија дека е дозволено сѐ. Како што кажа тој, поради ваквите работи се „случија“ Југославија, Ирак и Либија.

Според Косачов, Русија треба да продолжи да оди во правец на реализацијата на своите воени планови за да не се најде во „ист кош“ со оние кои ѝ поверуваа на Алијансата дека засилувањето на НАТО долж руските граници е насочено против некој друг. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.