Претседателскиот кандидат Рубио ја обвини Клинтон за ресетирање на односите со Русија

Марко Рубио, кој претендира да стане претседател на САД во 2016 година, изјави дека меѓународната политика на неговата земја, откако Хилари Клинтон е државен секретар, особено во ресетирањето на односите со Русија, била катастрофална.

Сенаторот од редовите на Републиканската партија Марко Рубио, кој претендира да стане претседател на САД во 2016 година, изјави дека меѓународната политика на неговата земја, откако Хилари Клинтон е државен секретар, особено во ресетирањето на односите со Русија, била катастрофална.

"Доколку биде избрана Хилари Клинтон за претседател, ние ќе добиеме уште четири години на Барак Обама. Јас не гледам разлика помеѓу неа и сегашниот претседател за било какви прашања. Ова особено се однесува на надворешната политика“, изјави Рубио во интервју за „Си-Би-Ес“ и додаде дека „не можеме да го игнорираме фактот дека таа беше државен секретар во првите четири години на претседателствувањето на Обама“.

„Без разлика дали е тоа рестартирањето на односите со Русија или нашиот одговор на терористичкиот напад во либискиот Бенгази (кога како резултат на терористички напад врз конзулатот на САД беа убиени неколку луѓе, вклучувајќи го и амбасадорот) - надворешната политика на Обама за време на Клинтон беше катастрофална за Америка. Сега нашите сојузници ни веруваат помалку, нашите непријатели помалку се плашат од нас и Америка има помало влијание врз светот отколку пред четири или шест години“, изјави Рубио, пренесува РИА „Новости“.

Рубио и Клинтон објавија дека почнуваат со предизборните кампањи пред неколку дена. Марко Рубио се смета за еден од фаворитите во Републиканската партија, а Хилари Клинтон за главен кандидат на демократите.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.