Планираната зделка меѓу Москва и Атина за гасоводот „Турски тек“ може да биде склучена уште утре, 21 април, пишува „Дер Шпигел“ повикувајќи се на свои извори.
Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле се изрази потврдно за можниот договор. „Мило ми е за Грција доколку е така“, ја коментираше министерот информацијата за можното потпишување на договор на кој тој, според неговите зборови, се надева.
Министерот пофали „сѐ што ѝ помага на Грција“, но истакна дека деталите за можниот договор не му се познати, пишува „Комерсант“ повикувајќи се на „Дер Шпигел“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче