Софија Никитчук избрана за „Мис Русија 2015“

Титулата „Мис Русија 2015“ ја доби студентката на факултетот за хуманистички науки и уметности на Уралскиот федерален универзитет Софија Никитчук од Екатеринбург, соопшти „Лента.ру.“

Титулата „Мис Русија 2015“ ја доби студентката на факултетот за хуманистички науки и уметности на Уралскиот федерален универзитет Софија Никитчук од Екатеринбург, соопшти „Лента.ру.“

Прва придружничка е 18-годишната Владислава Евтушенко од Чита, студентка на петербуршкиот универзитет, а втора придружничка -  21-годишната Анастасија Најденова од Воронеж.

Наградата за Никитчук се состои од круна од бело злато украсена со брилијанти и бисер, 3 милиони рубли и автомобил.  Таа исто така се здоби со правото да ја претставува Русија на „Мис на светот“ и „Мис универзум“.

„Уште од почеток знаев дека ќе одам на победа. Се гордеам со своето образование: завршив уметничка и музичка школа, одам на диплома со почести и точно знам дека ќе станам магистер“, се нејзините зборови наведени на официјалната веб-локација на конкурсот.

Во финалето на конкурсот учествуваа 50 девојки од руските градови, меѓу нив и три претставнички на Крим – од Симферопол, Севастопол и Керч. По првата фаза жирито селектираше 20 учеснички. По втората етапа останаа десет девојки, од кои членовите на жирито одбраа три победнички.

„Мис Русија“ е најпознатото и најпрестижно национално натпреварување во убавина во Русија. Финалето на конкурсот се одржа во саботата во концертната сала „Барвих“ во хотелот „Luxury Village“ во Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња