Путин изјави дека е рамнодушен спрема секаков вид рејтинг, затоа што „влијанието на раководителот на една или друга држава може да се оцени пред сѐ според економската моќ и одбранбената способност на таа држава“, пренесува РИА „Новости“.
Претседателот ја истакна важноста на рејтинзите кои се прават врз база на резултати од анкета, а не според вработени во списанија.
„Но и во врска со тоа едноставно би сакал да им се заблагодарам на оние луѓе кои покажаа таков знак на почит, не кон мене, иако и тоа е, се разбира, пријатно, но пред сѐ во однос на нашата земја, Русија“, изјави Путин.
Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков го објасни успехот на рускиот лидер со тоа што претседателот е еден од најпопуларните, најпознати и, меѓу другото, најпочитувани политичари на светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче