По распадот на Советскиот Сојуз Европската унија посака да проголта сѐ што испадна од рацете на Москва, пред сѐ во Европа, смета политикологот Виталиј Третјаковски, пренесува РИА „Новости“.
Тоа и се случи. Во моментот кога престана да постои СССР, Европската унија имаше само 12 членки, 1995 година нејзе ѝ се приклучија Австрија и две земји од Северна Европа. Така Европската унија стекна 15 членки, колку што СССР имаше сојузни републики. Во 2000 година ѝ се приклучија уште 13 држави, при што тоа беа во суштина поранешни членки на источниот блок (Балкан) и територии на поранешниот СССР (балтичките земји). Тоа значи дека бројот на членки на ЕУ е речиси двојно зголемен.
Апетитот, особено кај алчните, расте во текот на јадењето. Европска унија се полакоми и по Грузија, Молдавија и Украина. Вистина, тоа не им успеа, но тенденцијата е јасна.
Америка за тоа време се занимаваше со истата работа, но на глобален план. Вашингтон со помал или поголем успех се обидуваше да го контролира светското наследство на Советскиот сојуз и се преориентира на конкуренција со Кина, која за тоа време зајакна.
Така и Вашингтон и Брисел го ставија под своја контрола поголемиот дел од советското наследство, а не размислуваа за тоа дека на тој начин ги презедоа и трошоците кои се поврзани со одржувањето на ова наследство, како и купот проблеми поврзани со овие земји и територии.
Русија, меѓутоа, се ослободи од најголемиот дел од овој товар. Таа, најпрво поради својата слабост, а потоа, почнувајќи од вториот мандат на Путин, свесно се откажа од глобалната доминација, како и од воспоставувањето на својата власт во оние области каде некогаш се простираше власта на СССР во Европа, Азија, Африка и Латинска Америка. Таа, меѓутоа, на постсоветскиот простор обележа неколку црвени линии (Црно море, Кавказ, Каспискиот регион, делумно Централна Азија, Приднестровје, Украина и Белорусија), чиј премин од страна на кој било светски играч неминовно значеше загрозување на стратешките интереси на земјата, а пред сѐ интересот на воената безбедност и 25-30 милиони Руси кои по распадот на СССР останаа надвор од границите на РФ. Москва се сосредоточи на овие граници. Во преостанатиот свет Русија ги сведе своите амбиции само на соработка со оние земји кои сами ја сакаа таа соработка.
Европска унија и САД така доживеаја прекумерен, нездрав развој и тоа го покажува ситуацијата во Украина, како и процесот на слабеење на американската империја. И американските тенкови, кои масовно се испраќаат на границата со Русија, не можат ништо да сменат тука. Русија, меѓутоа, и тактички и стратешки стана поефикасна. Тоа го гледаме и наскоро ќе го видиме уште појасно.
Затоа Путин ќе победи, а Обама и Меркел ќе изгубат, смета Третјаковски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче