Најбогатите руски бизнисмени за една година изгубиле 73 милијарди долари

На ранг-листата на најбогатите руски бизнисмени според „Форбс“, прв е претседателот на „Интеррос“ Владимир Потанин со богатство од 15,4 милијарди долари.

Богатството на 200 најбогати претприемачи во Русија според „Форбс“ се намалило за 73 милијарди долари, а вкупниот број милијардери спаднал на 88.

„Севкупното богатство на 200 најбогати претприемачи на Русија во 2014 година се намалило од 481 милијарда на 408 милијарди долари, а бројот на милијардери спаднал од 111 на 88. Кризата, сепак, не ја почувствувале сите – меѓу 200 луѓе на списокот се нашле 37 кои успеале да го зголемат своето богатство, а уште 27 го задржале минатогодишниот резултат“, пишува магазинот.

Најбогат бизнисмен е претседателот на „Интеррос“ Владимир Потанин со богатство кое се проценува на 15,4 милијарди долари. За една година овој милијардер станал побогат за 2,8 милијарди долари. Тој го претекна Алишер Усманов, кој беше најбогат Русин последниве три години. Овој пат Усманов е трет со 14,4 милијарди долари, што е за 4,2 милијарди помалку од 2014 година.

На второто место е косопственикот на „Алфа-груп“ Михаил Фридман, кој минатата година загубил 3 милијарди долари. Неговото богатство се проценува на 14,6 милијарди долари. 

Како еден од бизнисмените чие богатство најмногу се намалило во 2014 година се споменува Владимир Евтушенков, кој за неполна година загубил 8,1 милијарди долари, односно, од 9 милијарди спаднал на 0,9 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.