Авиони на ВВС Велика Британија полетале да пресретнат руски бомбардери, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на Министерството за одбрана на Велика Британија.
Во информацијата на агенцијата се истакнува дека авионите биле забележани на границата на воздушниот простор на Велика Британија. „Руските авиони беа придружувани од Кралската авијација во зоната на интерес на Британија“, соопшти министерството“.
Руските авиони извршуваа до границата на Велика Британија планирани летови и не ги нарушуваа границите на таа земја, изјави за „Руска служба новостеј“ началникот на управата на прес-службата и информирање на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков.
„Нашите авиони апсолутно дејствуваа во рамките на меѓународните прописи, без да нарушуваат нешто. Едноставно тоа кај нив се нарекува пресретнување, кај нас придружување. Тоа е нормална практика во светот. Нашите авиони ништо не нарушуваа, На нив едноставно им се придружиле британските авиони, ги придружувале и се вратиле назад“, објасни тој.
Минатата година руските стратешки бомбардери извршиле над 50 летови над светските води.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче