Министерство за одбрана на РФ: Сето позитивно во односите меѓу Русија и НАТО пропадна

Во врска со кризата во Украина сето позитивно што го постигнавме во односите со Северноатлантската алијанса пропадна, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов.

Во врска со кризата во Украина сето позитивно што го постигнавме во односите со Северноатлантската алијанса пропадна, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија  Анатолиј Антонов.

„Кризата во Украина доведе до заострување на односите со европските земји. Сето позитивно што го постигнавме со Северноатлантската алијанса пропадна. Место развој на соработката и мерките на доверба, НАТО е насочен кон конфронтација. Денес гледаме засилување на активностите на НАТО во близина на руската граница кое е без преседан и со ништо не може да се оправда. Притоа ги обвинуваат Вооружените сили на Русија за сите смртни гревови“, изјави Антонов, пренесува РИА „Новости“.

Во четвртокот, 9 април, беше соопштено дека мнозинството воени раководители на земјите на НАТО одби да учествува на Московската конференција за меѓународна опасност каде земјите ќе бидат претставувани од воени аташеи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.