Михалков и Кончаловски побараа од Путин помош за содавање конкуренција на „Мекдоналдс“

Браќата-режисери Никита Михалков и Андреј Кончаловски сакаат да создадат нов синџир ресторани за брза храна кој би бил конкуренција на западните, пишува „Комерсант“.

Браќата-режисери Никита Михалков и Андреј Кончаловски сакаат да создадат нов синџир ресторани за брза храна кој би бил конкуренција на западните. За реализација на идејата, поддржана од претседателот на РФ Владимир Путин, потребни се 971,8 милиони рубли, пишува денеска, 9 април, „Комерсант“.

Кончаловски и Михалков, како што информира весникот, на 16 март упатиле до Путин писмо во кое побарале поддршка за создавање синџир кафетерии под брендот „Јадеме дома!“. Брендот, според информациите на весникот, припаѓа на сопругата на Кончаловски, актерката и ТВ-водителка Јулија Висоцкаја. Таа треба да стане заштитно лице на новиот синџир.

Кончаловски и Михалков предложиле кафетериите да бидат комбинирани со мали продавници. Се предвидува јадењата да бидат приготвувани во регионални фабрики-кујни, притоа менито треба да се состои од 30-40 проценти од локални продукти. Фабриките-кујни, од своја страна, исто таа ќе ги снабдуваат со храна и социјалните институции, вклучително и детските домови и интернатите.  

Целта на проектот, како што се вели во писмото, да се помогне увозната замена и да се создаде „алтернатива на западните синџири за фаст фуд“. Според пресметките на режисерите, во случај на реализација на проектот,  тој ќе се исплати за помалку од 5 години. Како пилот-проект Кончаловски и Михалков сакаат да изградат во Московската и Калужската  област две фабрики-кујни, да отворат 41 кафуле и 91 кафетерија.

На 24 март Путин, според информациите на „Комерсант“, му наложил на вицепремиерот Аркадиј Дворкович да го разгледа проектот на режисерите во рамки на програмата за замена на увозот. Како што соопшти извор во владата, на 9 април Дворкович ќе има состанок со претставници од Министерството за економија, Министерството за трговија, Министерството за земјоделство, администрацијата на Московската и Калужската област, на кој ќе се дискутира за проектот на Михалков и Кончаловски.  

Постоењето на плановите за создавање национален синџир ресторани за брза храна и писмото до Путин ги потврди Андре Кончаловски. Тој изрази мислење дека проектот соодветствува на стратегијата за поддршка на домашното земјоделство и на малиот и среден бизнис во целост. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.