Медиуми: Во ЕУ се подготвува „бунт“ против антируските санкции

Уредникот на финансиската рубрика на „Дејли Телеграф“ Амброуз Еванс-Причард смета дека антируските санкции ќе доведат до растурање на европското единство по тоа прашање.

Европската унија на претседателот на Русија Владимир Путин му даде „на тацна“ стратешки подарок во вид на Грција, пишува уредникот на финансиската рубрика на весникот „Дејли Телеграф“ (The Daily Telegraph) Амброуз Еванс-Причард. 

На вчерашната средба со рускиот претседател во Москва грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција е суверена земја и дека има право на самостојна надворешна политика. Освен тоа, Ципрас изрази несогласување со политиката на санкции против Русија и изјави дека е неопходно да се прекине тој маѓепсан круг, потсетува британскиот весник.

Рок на важност на антируските санкции истекува в јуни. За да бидат продолжени, потребна е согласност од сите 28 членки на Европската унија. Меѓутоа, доколку Грција стави вето на санкциите, тоа ќе го охрабри и премиерот на Унгарија Виктор Орбан да му се приклучи на „бунтот“. Словачка исто така полека го напушта она што некогаш беше единствен европски фронт за „задржување на дејствијата на Кремљ во Украина“. Брисел би можел да изврши притисок врз еден непокорен играч, но нема да може да го стори тоа со група непослушници. Властите на Европската унија ја губат силата, смета „Дејли Телеграф“.  

Очигледно е дека, доколку Европската унија не ги продолжи санкциите против Русија, тоа ќе внесе раздор меѓу Брисел и Вашингтон. Конфликтот ќе „продолжи да ја црпи силата на НАТО и она што остана од системот на западната безбедност“, се наведува во статијата.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.