Европската унија воведе санкции против Русија за да ѝ наштети на нејзината економија, меѓутоа во реалноста овие мерки, напротив, можат да го забрзаат економскиот раст во РФ, пишува аналитичарот Метју Лин за агенцијата „Маркетвоч“ (Marketwatch).
„Се подразбираше дека санкциите и паѓањето на цените на нафтата ќе ја парализираат Русија, меѓутоа како резултат сето тоа може само да ѝ направи услуга“, смета тој.
Лин истакнува дека порано Русија, како земја богата со ресурси, така и со образовани, креативни луѓе, премногу се базирала на енергетиката. Санкциите можат да имаат стимулирачки ефект врз руската економија во делот што се однесува на развојот на индустријата, смета аналитичарот. Според него, можно е Русија „да биде принудена да создаде“ индустриски развиена економија поради мерките преземени против неа – на парадоксален начин тоа може да ја доведе до позначителен економски раст.
Излегува дека економските санкции се веројатно „најнеефикасното оружје на меѓународната политика“, смета тој. „Се случи она што никој не го очекуваше“, пишува Лин. Додека аналитичарите ѝ предвидуваа на Русија нула раст на БДП или безусловна рецесија, мината недела се покажа дека економскиот раст на РФ во четвртиот квартал на мината година изнесувал 0,4 проценти, продолжува тој.
Тоа не е премногу, но сепак е повеќе отколку кај Франција за истиот период, и приближно исто колку кај Германија и Јапонија, истакнува Лин.
Аналитичарот обрнува внимание и на тековната состојба на руската валута – таа е признаена за најдобра за последните три месеца, додека во 2014 година рубљата ја сметаа за најпроблематична валута на светот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче