Руски програмер се согласи на трансплантација на главата

Рускиот програмер Валериј Спиридонов, кој страда од ‘рбетна мускулна атрофија, стана првиот кандидат за трансплантација на главата што ќе ја изврши италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо, пишува „Дејли Меил“.

Триесетгодишниот руски програмер Валериј Спиридонов, кој страда од спинална мускулна атрофија, стана првиот кандидат за трансплантација на главата што ќе ја изврши италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо.

Според Спиридонов, тој е подготвен да му се повери на скандалозниот хирург кој тврди дека може да му ја исече главата и да ја присоедини на здраво тело, соопшти весникот „Дејли Меил“. Цената за 36-часовната операција која може да биде извршена во една од најнапредните операциони сали на светот се проценува на 7,5 милиони фунти.

„Мојата одлука е конечна и не планирам да ја променам“, рече Спиридонов. Како човек кој цел живот страда од ретко генетско заболување, програмерот сака да добие ново тело пред да умре, пишува весникот.

Во февруари хирургот Канаверо соопшти дека по две години ќе биде можно да се реализира трансплантација не само на еден орган, ами на цело тело. Научникот има намера да започне со експерименти во јуни годинава. Тој изјави дека науката е веќе подготвена за операции од таков степен.

Идејата на Канаверо се состои во тоа што телото и главата треба да се изладат пред операцијата, за да не умрат клетките на живото ткиво во текот на трансплантацијата. Потоа, според неговата теорија, нервните завршетоци на двата дела треба да се соединат со помош на полиетиленгликол кој ќе служи како еден вид сврзувачка алка додека да сраснат ткивата. Токму овде е проблемот во науката, затоа што до денешен ден никој не успеал да го доведе тој експеримент до самиот крај.

Научникот исто така изјави дека можно е пред операцијата и телото и главата да бидат ставени во состојба на кома, а по операцијата рехабилитацијата може да одземе цела година. И можно е да помине уште многу време додека човекот ќе може повторно целосно да се движи и да се чувствува себеси по пресадувањето од таков вид. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња