Лех Валенса: Русија ќе се распадне и ќе заживее среќно

Поранешниот претседател на Полска Лех Валенса изјави во интервју за украинскиот весник „Економска правда“ дека Русија ја чека распад на многу делови, пренесува РИА „Новости“.

Имајќи го предвид големиот број народи кои живеат на територијата на Русија, поранешниот полски претседател Лех Валенса смета дека земјата може да се распадне и да остане со население од само 20 милиони души.

Како што изјави политичарот во интервју за весникот „Украинска правда“, за целосна трансформација на земјата потребен е многу голем период, затоа што „Русите се несреќни“ и „потребно е нивниот менталитет потполно да се смени“.  

„Можно е повторување на сценариото со формирањето на Европската унија. Ќе има обединување на нови држави, но веќе на други принципи. Ќе се случи изедначување на темпото на развој на економиите, земјите ќе почнат да се отвораат за соработка во различни конфигурации“, изјави полскиот политичар за своето видување на иднината на Русија.

Како што смета Валенска, за да се откажат Русите од императорските погледи, да ја осознаат потребата за демократија и да почнат да ги почитуваат другите, можеби ќе биде потребно околу сто години. Како што заклучува политичарот, жителите на Русија „ќе имаат сѐ, ама подоцна“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња