Без оглед на санкциите, претседателот на Русија Владимир Путин сепак излезе како победник во судирот со Запад во Украина и ја постигна својата цел, пишува аргентинскиот весник „Инфобае“ (Infobae).
Весникот истакнува дека, без оглед на санкциите, руската економија почнува да си доаѓа при себе, а рубљата, откако загуби половина од својата вредност во однос на доларот во 2014 година, го стабилизира својот курс.
Според мислењето на изданието, Путин успеал да постигне низа успеси: да ја предизвика хегемонијата на САД, да ја консолидира руската јавност, да го присоедини Крим „без ниеден испукан куршум“.
„Москва продолжува да ја оспорува глобалната хегемонија на САД, работејќи за своите интереси и раководејќи се од сопствените вредности, без да бара одобрение од САД и ЕУ“, изданието ги цитира зборовите на раководителот на „Политичката експертска група“ Константин Калачов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.