Русија свика состанок на Советот за безбедност на ООН за разгледување на прашањето за воведување „задолжителни за почитување“ хуманитарни паузи" во воздушните удари врз Јемен. Ова го изјави портпаролот на постојаното претставништво на РФ при ООН Алексеј Зајцев, пренесува ТАСС.
„Русија свика консултации на Советот за безбедност на ООН за разгледување на прашањето за воспоставување редовни и задолжителни за почитување „хуманитарни паузи“ во воздушните удари што ги спроведува коалицијата врз Јемен“, изјави Зајцев. Според него, состанокот ќе се одржи денеска во 16:00 часот зад затворени врати. Од Русија учество ќе земе заменикот на постојаниот претставник на РФ во ООН Владимир Сафронков.
Претходно неделава РФ се судри со пречки при обидот да ги евакуира своите граѓани од Сана, главниот град на Јемен. На еден од авионите што ги испрати Москва не му беше дозволен влез во земјата од страна на Саудиска Арабија, без оглед на претходно постигнатиот договор. Дозволата за слетување беше добиена дури по неколку часа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче