ВМФ РФ: Сите средства за пребарување и спасување во ВМФ треба да бидат руски

Командантот на ВМФ РФ адмирал Виктор Чирков изјави: “Нашето барање до индустријата е сите средства за пребарување и спасување во најблиска иднина да бидат од руско производство“, пренесува РИА „Новости“.

Сите средства за пребарување и спасување на Воено-поморската флота на РФ треба да бидат од руско производство, изјави командантот на ВМФ РФ адмирал Виктор Чирков.

„Нашето барање до индустријата е сите средства за пребарување и спасување треба во најблиска иднина да бидат од руско производство“, изјави Чирков за новинарите, пренесува РИА „Новости“.  

Тој истакна дека составот на силите на единицата за пребарување и спасување на ВМФ која е планирана да се формира, „ќе овозможи да се решаваат задачи за обезбедување на пребарување и спасување на сите современи бродови и пловила на ВМФ, вклучително и подморниите од проектите 955 (проект „Бореј“), 885 (проект „Јасен“) и хибридните подморници на дизел и струја од проектите 636 и 677“.

Според адмиралот, силите ќе овозможат во полн обем решавање на задачи за обезбедување пребарување и спасување кај подморниците. „Сепак ние треба да работиме на иднината, земајќи ја предвид активизацијата на изградбата за ВМФ на бродови и подморници од нови генерации. Позицијата на главната команда на ВМФ е развивање средства за спасување на море паралелно со обнова на борбениот состав на флотата. Веќе на етапата на проектирање на нови подморници и бродови ние треба да вршиме активна проектно-конструкторска работа за разработка на нови средства за спасување“, истакна  Чирков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.