НАСА: САД ја поздравуваат желбата на Русија за соработка

Вашингтон ја поздравува желбата на Москва за соработка на полето на истражување на вселенското пространство, изјави во саботата официјалниот претставник на НАСА Давид Вивер.

Вашингтон ја поздравува желбата на Москва за соработка на полето на истражување на вселенското пространство, изјави во саботата официјалниот претставник на НАСА Давид Вивер.

„Ни причинува задоволство што „Роскосмос“ изрази желба да продолжи целосно да ја користи Меѓународната вселенска станица до 2024 година (што соодветствува и на нашите планови), како и заинтересираноста за понатамошна меѓународна соработка во сферата на освојување на вселенските простори во наредниот период“, истакна претставникот на НАСА, пренесува ТАСС.

„Денеска нашето внимание, како и претходно, кон користење на сегашната научна орбитална лабораторија и оние истражувања кои ќе бидат направени во текот на штотуку започната вселенска мисија на астронаутот Скот Кели. Таа ќе трае цела година и ќе ни помогне да подготвиме подолги летови на човекот во вселенскиот простор“, рече Вивер.

Кели ќе престојува на МВС 342 дена. Космонаутот, које веќе неколку пати има престојувано на станицата, треба да се врати на Земјата во септември со рекорд – дотогаш ќе има поминато во вселената вкупно 878 дена.

Во текот на работата на МВС Кели и рускиот космонаут Корниенко ќе учествуваат во неколку десетици медицинско-биолошки експерименти, како на пример набљудување на функционирањето на човечкиот организам во текот на толку долг лет. Освен тоа, американските научници ќе добијат уникатна можност да ги споредат промените кои за една година ќе се случат во организмот на Кели со промените во организмот на неговиот брат-близнак Марк, кој останува на Земјата. НАСА смета дека добиените податоци ќе бидат од голема полза при подготовката на летовите со екипаж во далечната вселена, вклучително и на Марс.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња