Руската економија го остави во минатото периодот на паника, пишува „Блумберг“.
Изданието потсетува дека минатата недела обемот на девизни резерви на Централната банка на Русија порасна првпат од јули минатата година и тоа, како што се истакнува во статијата, може да ги убеди западните влади дека економските санкции немаат некакво значително влијание врз Русија и дека на земјата не ѝ се заканува неизбежен крах.
Оваа година руската рубља, се потенцира во статијата, постепено зајакнува, што делумно се објаснува со растот на цената на нафтата, а делумно со тоа што Русија, каде каматната стапка беше намалена од 17% на почетокот на годината на 14%, се претвори во мошне привлечно место за операции со девизна актива.
„Еден поглед на соодносот меѓу курсот на рубљата и цената на нафтата марка „Брент“ докажува дека во моментов руската рубља зајакнува побрзо од цената на нафтата од таа марка, а тоа е знак дека стратегијата „Кери трејд“, во рамките на која шпекулантите земаат заеми во долари и даваат кредити во рубли, го одржува растот на курсот на рубљата“, пишува „Блумберг“.
Се истакнува дека неделата од 16 до 20 март еврото се крена за 3% во однос на американскиот долар, што стана причина за зголемување на обемот на руските девизни резерви за 1,2, милијарди долари.
„Блумберг“ ја потенцира важноста на работата на раководителите на економските структури на Русија, особено на Централната банка и Министерството за финансии. Во мошне сложената ситуација тие успеаја да не направат големи грешки и да ја зачуваат економијата на Русија отворена, забележува изданието, потенцирајќи дека Русија останува голема пазарна економија која не може да се уништи со помош на неколку скромни ограничувања.
Тоа, уверува „Блумбер“, ја прави Русија потценета ризница на можности.
„Не случајно институтот „ЦФА“, меѓународна асоцијација во сферата на инвестициите, која во 2015 година направи проценка на расположението на инвеститорите, ја нарече Русија еден од водечките пазари според инвестициската привлечност паралелно со САД, Кина и Индија“, потсетува „Блумберг“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче